​На денешната владина седница е донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.

– Со новите одре​д​би, секое користење на службенте возила мора да е одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности – изјави заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.

Како што појаснува, одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе се обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција, додава Николовски.

Во изминатиот период се донесе и одлуката со која се ограничуваат тро​ш​оците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори.