Се зголемува бројот на новодијагностицирани пациенти со малигни хематолошки заболувања во државава. Минатата година нивниот број изнесуваше 495, а годинава се очекува бројот да се зголеми за 10 до 15 проценти.

Најзагрозена група се децата и адолесцентите, истакна директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска Ставридис на прес-конференција на Здружението „Борка за секој нов ден” по повод одбележувањето на септември – месецот посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања.

Таа потенцираше дека најмногу расте бројот на пациенти со акутна леукемија, чиј број во 2014 година изнесувал 50, минатата година – 91, а само до 30 јуни годинава има 50 новодијагностицирани. 

Меѓу симтомите за малигни хематолошки заболувања се замор, главоболки, чести инфекции, лесно крварење, лесна појава на модринки, појава на безболни зголемени лимфни јазли.