Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство. Во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат:
– Гинеколошки прегледи и советувања (дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед);
– Дерматовенеролошки прегледи (крио-терапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија);
– Тестирање за ХИВ;
– Психолошки советувања;
– Врсничка едукација/едукација со педагог;
– Дистрибуција на кондоми и едукативни материјали;
– Советувалиште за превенција од употреба на дроги.
Сите услуги се пристапни и достапни и за лица/млади со попреченост. Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од три часа.
Дерматовенеролог
14-17
Советувалиште за дроги
14.30 – 17.30
Тестирање за ХИВ
17-20
Советувалиште за дроги
14.30-17.30
Советување за ментално здравје
14-17
Гинеколог
15-18
Дерматовенеролог
15-18
Тестирање за ХИВ
15-18
Советувалиште за дроги
14.30-17.30
Советување со психолог
15-18
Тестирање за ХИВ
17-20