Новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Зибери беше избран за омбудсман на седница во Собранието минатиот месец.

Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети, кој беше народен правобранител 16 години.

На последните парламентарни избори Зибери беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец.