Фото: Маја Јаневска-Илиева/Архива

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

– Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците – порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.
Шахпаска рече дека со ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.