За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност, јави Управата за хидрометеоролошки работи.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места, велат од УХМР.