Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и Северноатлантскиот совет доцна попладнево се очекува да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со два авиони. Прв ќе слета авионот на Столтенберг, во кој ќе бидат и шестмина члена на неговиот кабинет, а еден час подоцна, ќе слета и авионот со Северноатлантскиот совет, во кој ќе бидат 29 претставници на земјите членки на НАТО.
На аеродромот предвидено е да има свечен пречек, по што високите гости се упатат кон Собранието.
Столтенберг и претставниците од Северноатланскиот совет ќе престојуваат во земјава и утре, кога ќе бидат пречекани во Владата.
Ова е втора посета од ваков ранг на Македонија.