Ратка Димитрова, пратеничката и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во период од 1991 до 1994 година, почина вчеравечер на 80-годишна возраст.
Покрај тоа што беше пратеник, таа имаше богата кариера како виолинистка со бројни концерти во Македонија и светот.
Димитрова е мајка на досегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и сопруга на Димитар Димитров, поранешен министер за образование и култура.