Грција ги отвори сите копнени гранични премини со соседните земји.

Покрај преминот Богородица, од денеска ќе може да се патува и од граничните премини на Меџитлија и Дојран.

Граничните премини ќе работат 24 часа.

За патување во Грција, задолжителен е документ сертификат за вакцинација – 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Влезот е дозволен и со потврда за прележан коронавирус, како и пополнет ПЛФ-формулар.


Воведени посебни правила за влез на островите

Грчките власти воведоа нови мерки за патување во рамките на земјата, кои вклучуваат одредени ограничувања за одење на островите.

Информацијата беше објавена во четвртокот на прес-конференција на грчкиот штаб за цивилна заштита.

Од 5 јули, за патувања на островите ќе бидат потребни:

– За возрасни:

а) сертификат за вакцинација или за прележан ковид

б) Негативен ПЦР-тест во последните 72 часа

в) Негативен резултат на брз тест во последните 48 часа

– За деца од 12 до 17 години:

Секој доказ, вклучувајќи го и оној од самоевалуација

– Деца под 12 години:

Бесплатно патување

Следните острови се исклучени од овие мерки: Евија, Лефкада и Саламина, каде што е можно да се патува за деловни цели под одредени услови само со самопроценка на симптомите.

Грчките власти претходно објавија дека во земјата се регистрирани 761 нов случај на зараза во последните 24 часа, како и четири смртни случаи.