Во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 51 прекршок за неносење на лична заштита на лицето.

На овие граѓани им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување на ширење на коронавирусот, вели Стефан Димоски потпарол на СВР Охрид.

Тој додаде дека во исто време на територија на Општина Кичево извршени се 7 контроли врз угостителски и друг вид на објекти. З.А.