Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни, ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на Фејсбук.

Тој вели дека враќање на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно.

– За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие три правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку 2 метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал) – напиша Филипче.

Тој сподели и видео за поддршка на здравствените работници кои се во првите редови во борбата со коронавирусот.