Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не размислува да поднесе оставка од функцијата по последните случувања.

– Не, не размислувам во таа насока – кусо одговори тој.

Филипче на денешната прес-конференција не сакаше ниту да коментира до каде е истрагата и дали ќе има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница пред два месеца кога загинаа 14 лица.

– Тоа е прашање за Обвинителството, јас тука немам увид во информациите – истакна Филипче, одговарајќи на новинарското прашање дали целата одговорност се сведе на еден продолжен кабел.