Во моментов во Македонија активни се 1.920 случаи на заразени со коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15.694, бројката на оздравени пациенти е 13.128, а на починати е 646 лица.

Најмногу активно заразени во моментов има има во Скопје – 566, Куманово – 215, Прилеп – 133 и Тетово – 120.

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид-19.

Од почетокот на отворањето на градинките, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на ковид-19, во две детски градинки.

Во првиот случај, се работи за објект во Битола, каде е остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група, вкупно пет. Согласно проценките, надлежните наведоа дека нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката, информираат од Министерство за труд и социјална политика. Истовремено и за сите пет деца кои биле во групата на вработената, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември. Во однос на оваа градинка, од МТСП велат, дека се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

Во вториот случај, се работи за вработена во градинка која од 9 септември не е на работното место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември, не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.