Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 14 до 21 јуни, во општина Прилеп имало 7 новозаболени од коронавирус. Во оваа недела не починало ниту едно лице како последици од корона
вирусот.

Бројот на активни случаи со ковид-19 е 24, од кои едно лице се наоѓа на болничко лекување. Вкупниот број на заразени од вирусот во Прилеп изнесува 8.326. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 426 лица. Ка.М.