Фото: Зоран Антоски

Третиот граѓанин на Општина Кичево кај кого е дијагностициран коронавирусот е лице што престојувалло во странство и кое по враќањето во земјава е сместено во државен карантин. Таму му е потврден наодот од  коронавирусот, по што овој случај  наликува на првозаразениот од овој град од 14 април кој, исто така, бил повратник од странство и смесетен во државен карантин во Скопје – информираа од Кризниот штаб.

Но, сѐ уше лебди дилемата, дали е позитивно на коронавирусот момчето кое беше  сместено во охридската болница по пневмонијата која  беше дијагностицирана, и кај  кое во четири наврати се земани брисеви и сите четири се негативни. Допрва ќе се  доистражува овој случај како би се надминале сите нејаснотии поврзани со овој случај  – додаваат од штабот.