фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на општина Кичево нема прекршување на полицискиот час. Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Во истиот период извршена е контрола од страна на полициските службеници врз едно лице во самоизолација, а истовремено извршени се и контроли врз 22 угостителски и други објекти и таму не се регистрирани неправилности.

Во општина Кичево продолжуваат проблемите на жителите од кучињата скитници, така што во текот на вчерашниот ден А.Б.(23) од село Бачишта, пријавил дека се здобил со повреди во пределот на десната надлактица по напад од куче скитник. З.А.