Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 10 до 16 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 21 нов случај на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 3 лица. Бројот на активни случаи со ковид -19 изнесува 160. Со тоа практично во Прилеп е драстично намален бројот на новозаразени од корона вирусот.
На болничко лекување се 21 лице, од кои 17 се на кислородна поддршка. Во дневната болница се лекуваат 23 пациенти.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 8.264;
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 414 лицa.

Ка.М.