На вонредната онлајн-седница на Советот на Општина Битола, која
се одржа денес, советниците едногласно ја изгласаа одлуката на Центарот за јавно здравје да му се додели донацијата од 600.000 денари за опремување во микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на ковид-19 во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со коронавирус.

Вонредната седница на советот се одржа по иницијатива на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која минатата недела поднесе предлог-иницијатива за свикување на вонредна седница на која ќе се изгласа одлуката за доделување на оваа донација, со која ќе се комплетира микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика за ковид-19.