Градот Скопје препорачува патниците кои го користат јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита – маски и ракавици.

Како што информираат градските власти, оваа препорака е во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот.

– Сите возила на ЈСП се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот – потсетуваат од Градот.

Во едно од таму апелираат до граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус, а своите отпадоци да ги зачуваат и да ги одложат во најблиската корпа за отпадоци, по излегувањето од автобусот.