Баз Олдрин знае неколку совети за карантин. Откако се вратиле од Месечината во 1969 година, Олдрин, Нил Амстронг и Мајкл Колинс поминале 21 ден во карантин за да спречат ширење на зарази од кои можеби се заразиле на месечевата површина. Среде појавата на коронавирус, новинарот Ерик Бергер разговарал со Олдрин по телефон за „Арстехника“.

Олдрин е дома, оди на лов и се чуствува добро, што се однесува до неговото здравје. Тој наполни 90 години во јануари, а на оваа возраст припаѓа во најризичната категорија за ковид-19.

На прашањето што прави за да се заштити од коронавирусот, Баз одговорил „лежам на газот и ја заклучив вратата“, без да се двоуми.

По слетувањето на командниот модул Аполо 11 во Тихиот Океан, тројцата астронаути беа однесени на брод-носач за авиони УСС Хорнет. Откако слетале на бродот, веднаш влегле во пренаменета Ерстрим приколика, позната како подвижна карантинска установа.

Оваа приколка беше пренесена со авион Ц-141 во Хјустон, каде што екипажот бил преместен и поминал околу три недели во „сигурна“ зграда позната како „Лунар Рисивинг Лаботатори”.

По ова искуство Олдрин запрашан дали има некои препораки за илјадниците Американци кои се наоѓаат или ќе се најдат во самоизолација.

– Па, Мајк Колинс и јас вежбавме и трчавме малку низ ходникот. Забележавме една пукнатина во подот во која имаше мравки што ползат внатре и надвор. Заклучивме дека ако можат мраквки би можеле и микробите да го прават истото – низ смеа вели Олдрин.

Научниците наскоро ќе сфатат дека Месечината е навистина мртов свет и дека ниеден жив вид оттаму нема да се врати на Земјата.

Баз Олдрин одговорил своето време во карантин го поминал во пишување извештаи.

 – Ги пишував извештаите за мисијата и пополнувајќи документи, како што е владиниот патувачки ваучер во износ од 33,31 американски долари за своето патување до Месечината – објаснува Олдрин.