Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 734 тестови, а регистрирани се 81 нов случај со ковид-19 и 77 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не е регистрирано починато лице.
Од 81 новозаболен од Скопје се 55, Битола – 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Од 77 оздравени пациенти од Скопје се 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а на активни случаи изнесува 495.