Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против десет лица осомничени за фалсификување документи, меѓу кои и 31-годишна медицинска сестра која, како што се сомнева, ги внесувала лицата што ја поткупиле на списокот на вакцинирани. Врз основа на тоа извадиле потврди.
Од полицијата наведуваат дека е вработена во медицинска установа во Загреб, која била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот, но не наведуваат за која институција се работи.

Уапсената медицинска сестра ги искористила своите овластувања во октомври и внесувала неточни податоци во системот дека 28-годишна и 65-годишна жена се вакцинирани со една доза вакцина на почетокот на август 2021 година, иако знаела и била свесна за фактот дека не биле вакцинирани, информираат од полициската управа во Загреб.