Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека утре во Србија ќе почне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус. Таа изјави дека од утре ќе се вакцинираат воспитувачите, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.

– Веќе започнавме со вакцинација на луѓето кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, пријавете сè што е можно повеќе, затоа што колку побрзо и поефикасно го сториме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормален живот – рече Брнабиќ.

Таа оцени дека системот за апликација за вакцинација преку порталот „Е-управа“ работи апсолутно совршено и апелираше до наставниците да аплицираат во што поголем број.

– Исклучително е важно сите да сториме сè што е во наша моќ децата да одат на училиште што е можно подолго. Особено е важно најмладите ученици од прво до четврто одделение да бидат со своите наставници, да се дружат. Затоа донесовме одлука да започнеме со настава повторно по зимскиот распуст – рече Брнабиќ.