Во изминатите 24 часа се регистрирани 116 нови случаи на инфекција со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е 1.204.

139 лица се во болница, а осум пациенти се на респиратор. Во изминатите 24 часа, тестирани се 1.338 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево го заврши тестирањето на 220 нови примероци за коронавирус. Во Сараево има 50 новозаразени лица.

Меѓу последните тестирани, тројва од позитивните се од Витез, еден од Бусовача, двајца од Травник, седум од Горажде и еден од Устиколина и Долни Вакуф.