Комисијата за вакцинација на Грција даде позитивно мислење за доброволна вакцинација на децата од 15 до 17 години со согласност од родител или старател, а следната седмица ќе биде отворена платформата за закажување термин, соопштија претседателката на комисијата Мариа Теодориду и генералниот секрар во Минстерството за здравство Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција.

Теодориду ги анализираше научните податоци поврзани со вакцинацијата на децата, рече дека безбеден чекон кон нормалност е вакцинацијата на младите и соопшти дека ставот на комисијата е позитивен, а ќе се користат вакцините мРНА (Фајзер и Модерна).

Темисоклеус објасни дека децата на возраст од 15 до 17 години, односно родените по 1 јануари 2006 година, од следната седмица ќе можат да закажат термин, а во понеделник ќе бидат соопштени деталите.