Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија и помогнала на Црна Гора со донирањето на вакцини, бидејќи тоа е нивна обврска кон нивните браќа и пријатели.

Тој истакна дека граѓаните на Црна Гора се заслужни за вакцините.

– Тие се наши браќа и пријатели и наша обврска е да споделуваме добро и зло со нив. Ако можеме да помогнеме, ќе помогнеме, сигурен сум дека и тие би ни помогнале. Не сакам да навлегувам во политички приказни. Ако вашиот брат, пријател или сосед не се задоволни, тогаш и вие не можете да бидете – рече Вучиќ.

Неделава во Црна Гора од Србија првично пристигнаа 2.000 дози од руската вакцина Спутник, а наредните денови се очекуваат уште 2.000 за ревакцинација.

Ова се први вакцини во Црна Гора.