Во последните 24 часа во Србија 51 лице почина од коронавирус, а регистрирани се 6.978 нови случаи.

Тестирани се 22.978 лица. Во болница се лекуваат 6.579 пацинти со коронавирус, а на респиратор се 282 лица.

Од почетокот на епидемијата починале 8.582 лица, а регистрирани се 988.307 случаи.

Премиерката Ана Брнабиќ ја коментира епидемиолошката состојба, односно одлуката да не се воведат построги мерки против коронавирусот.

Таа изјави дека е погрешно протолкувано оти не се донесени нови мерки поради економијата, која е важна, туку исклучиво затоа што Србија сега има вакцини, а вакцинацијата е единствениот одговор на епидемијата.

„Ние не го правиме ова поради економијата, туку првенствено затоа што имаме вакцини. Неразумно е да имаме исти мерки со вакцините како порано“, рече Брнабиќ.