Ејми Дрискол закрепнува во нејзиниот дом

Кога Ејми Дрискол се разболе од коронавирус, нејзините симптоми се влошија по неколку часа. Стотици километри подалеку од неа, Ерик Елнес исто така бил заразен од вирусот, но поминал со блага кашлица, пренесува Си-ен-ен.

– Бев толку многу болна веднаш, што се чувствував како да не можам да сторам ништо за да го подобрам тоа – изјави 48-годишната Дрискол од Хадсон во американската сојузна држава Охајо.

Минатата недела, Дрискол беше на работа, во осигурителна компанија, кога почнала да се чувствува изнемоштено. Додека да стигне дома, имала треска и решила да се одмори. Откако се разбудила среде ноќ, Дрискол имала проблеми со дишење затоа веднаш тргнала во болницата каде што добила потврда дека е заболена од вирусот ковид-19 . Таа опишува како се случувала своевидна битка во нејзиното тело, а медицинските сестри можеле да и помогнат само со тоа што и давале течности, како и лекови за болка и треска.

– Морав да се борам против треската и да се изборам против тоа како се чувствував – рече таа.

Откако таа помина неколку дена во болницата, Дрискол е во карантин. Нејзиниот син, кој е со неа во нивниот дом, има благи симптоми. Стотици километри далеку, свештеникот Ерик Елнес е ставен во карантин во Омаха во американската сојузна држава Небраска, откако дознал дека го има новиот коронавирус. 

Откако се вратил од патувањето во Шпанија, Елнес (56) се чувствувал одлично се додека не забележал блага кашлица. Тој сметал дека станува збор за алергии, но подоцна почна да се сомнева. „Не размислував многу за тоа“, рече тој. Елнес вели дека генерално се чувствувал одлично, но и дека е загрижен. 

– Не можам ни да замислам кои луѓе што биле изложени на некој како мене – рече Елнес.

Свештеникот ја продолжува својата богослужба преку социјалните медиуми од домашен карантин, но тој сè уште е загрижен што другите биле блиску до него можеби биле заразени од него. Официјалните претставници на Центарот за контрола и превенција на болести во САД соопштија дека иако во случајот на Елнес станува збор за асимптоматски карактеристики на вирусот и дека постои можност ширење на него, сепак се чини дека ова асимптоматско ширење не е двигател на појавата.

Но, неколку експерти интервјуирани од Си-ен-ен изјавија дека преносот од луѓе кои се асимптоматски или благо симптоматски се одговорени за поголем пренос отколку што се сметаше претходно.

Ејми Дрискол и Ерик Елнес