Франција би можела да ги укине сертификатите за вакцинација против коронавирусот на крајот на март или почетокот на април, за да ја подобри здравствената состојба, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Габриел Атал.

– Бројот на хоспитализирани е сè уште многу висок, поголем од рекордот во пролетта 2020 година, но според нашите проекции… има причина да се надеваме дека во тоа време ситуацијата ќе биде доволно добра за да можеме да ги укинеме овие последни мерки – рече Атал, додавајќи дека бројот на заразени лица опаѓа.

Тој кажа дека сертификатите за вакцинација ќе бидат укинати веднаш штом ситуацијата во болниците се нормализира.

Во Франција од почетокот на пандемијата починале 133.614 лица, а повеќе од 80 отсто од населението има примено најмалку една доза од вакцината, додека 78,5 отсто се целосно ревакцинирани.