Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјави дека кафулињата, пабовите, рестораните, театрите, кината и спортските сали низ целата земја вечерва ќе бидат затворени и ќе останат така на неодредено време за да се забави ширењето на коронавирусот.

– Порачуваме кафулињата, баровите и рестораните да се затворат вечерва што е можно поскоро и тоа да остане така на неодредено време. Компаниите може да продолжат со достава до дома – рече Џонсон.

Во Англија починаа уште 39 лица кои биле позитивни на коронавирусот.

Националната здравствена служба претходно објави дека вкупниот број на починати е 167.