Брзината на пренесување на ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.

Тој рече дека властите во Европа мора да го запрат ширењето на епидемијата на коронавирусот пред сезоната на грипот.

– Европа треба многу да стори за да ја стабилизира ситуацијата и да го стави под контрола пренесувањето на вирусот – рече Рајан, кој по професија е лекар.

Предупреди дека на голем дел од континентот е регистрирано загрижувачко зголемување на бројот на заразени лица.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, потсети дека се наоѓаме на крајот на септември и сезоната на грип сè уште не е почната. Оттука, предупреди таа, организацијата е загрижена за можноста трендот да продолжи во погрешна насока.

Керкова истакна дека раната хоспитализација и употребата на „дексаметазонот“ спасиле животи.

– Ние сакаме да избегнеме затворање на државно ниво, како што беше случај на почетокот – додаде Ван Керкова.