Саудиска Арабија ја прошири забраната за летање и патување во Европската Унија и 12 други земји поради коронавирус, откако во текот на ноќта објави 24 нови случаи, па сега има вкупно 45 заразени.

Граѓаните и жителите на погодените области имаат 72 часа да се вратат во кралството, соопшти државната новинска агенција СПА, според официјален извор од Министерството за внатрешни работи.

Патничкиот сообраќај низ сите гранични премини со Јордан исто така е запрен, а сè уште е дозволен комерцијалниот и товарниот сообраќај.

Кралството забрани патување во 19 држави, вклучително и соседните арапски земји, и соопшти дека ќе бидат казнети со 500.000 риали (околу 133.000 долари) сите што не даваат информации за нивното здравје и детали за патувањето при влез во земјата.