Минатата недека жителите на Вухан го прославија излегувањеето од тримесечната изолација наметната поради пандемијата на ковид-19. Цвеќиња и дрвја беа посадени покрај болниците во кои пред само неколку месеци владееше паника и страв, а улиците се чисти и дезинфицирани, пренесува „Гардијан“.

Пред властите да ги тргнат мерките за патување во средата, илјадници автомобили ги наполнија патиштата и мостовите, а еуфоријата наликувапе како еуфоријата на ослободување. Еден жител сцената ја опиша со зборовите „Пресудна битка, решавачка победа“. Но, за многумина тргањето на мерките за патување не претставува ниту новост, ниту олеснување.

– Не чувствуваме големи промени. За обичните луѓе, карантинот продолжува – вели еден 50-годишен жител од Вухан 

Завршувањето на забраната за патување е дел од обидите на властите да го уверат народот, а и светот, дека Вухан, градот од каде се прошири вирусот ковид-19, конечно ја победи епидемијата и животот може да се врати во нормала.

– Отворањето на Вухан има за цел да испрати порака дека Кина се враќа на деловните активности и може да продолжи со работа. Но, и покрај напорите на владата, граѓаните се многу претпазливи. Тие не ги забораваат лошите одлуки на владата за време на почетокот на кризата, особено не забораваат оние кои ги загубија своите блиски – вели Хо-Фунг-Хунг од универзитетот „Џон Хопкинс“.

Голем број продавници во градот остануваат затворени, додека пак рестораните вршат само испорака на храната. Училиштата, кината и другите јавни места за култура и забава се затворени. Иако на луѓето им е дозволено да излегуваат и да се движат низ градот, поставени се голем број пунктови за проверка на телесната температурата. МЕрките не се тргнати од голем број области.

Народот стравува од асимптоматските случаи, како и оние случаи кои се увезени од странство. Од 46 нови потврдени случаи во Кина, 42 случаи се увезени од странство. Сепак, Вухан веќе една недела нема нови потврдени случаи. Некои граѓани стравуваат од втор бран на пандемијата, додека други се желни и сакаат да се вратат на работа.

– Враќањето „во нормала“ не значи дека вирусот е целосно исчезнат. Но, доколку не работам, нема да имам пари за да преживеам. Кога би можела, би останала дома – вели Ирис Јао.

Други работници се враќаат на работа во Вухан и се задоволни од мерките на владата.

– Задоволен сум од постапките на властите, кои се потрудија да го сопрат ширењето на вирусот – вели еден работник кој се вратил во Вухан.

Сепак, опасноста од повторно избивање на пандемијата е постојано присутна, а сите, и властите и народот, го знаат тоа.