После две недели карантин во нејзиниот дом, германската канцеларка Ангела Меркел се враќа во нормала. Одлуката уследи по три негативни теста, а владиниот портпарол Штефен Сеиберг рече дека канцеларката се враќа на работа.

– Секако, ќе се почитуваат минималните правила за растојание – рече тој, додавајќи дека за време на карантинот, канцеларката извршувала и државни работи, одржувала видео-конференции и имала јавно обраќање.

Меркел замина во карантин, откако беше откриено дека доктор со кого контактирала, бил позитивен на коронавирус.