Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на национално ниво за борба со коронавирусот. 

– Оваа наредба ќе овозможи широки овластувања за секретарот за здравје кој ќе може да укине примена на одредени закони и регулативи за да овозможи поголема флексибилност на здравствените активности – изјави Трамп на вонредно обраќање до нацијата.

Претседателот потенцираше дека со ова се отвора вратата за 50 милијарди долари федерална помош за справување со болеста. Апелираше секоја држава да воспостави центри кои ќе помогнат во борбата.