Кремљ денес објави дека притисокот врз некои земји да се откажат од набавка на руската вакцина „Спутник в“ против ковид-19, е без преседан, но и дека ваквите напори немаат шанса за успех.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ваквите оценки ги даде по прашањето да го коментира извештајот на американската влада, кој покажа дека САД се обидоа да го одвратат Бразил од купување на вакцината.
Песков рече дека Русија е против политизирање на ситуацијата околу вакцината, пренесува „Ројтерс“.