Италијанските доктори успеаа да го излекуваат првиот пациент заразен со коронавирус во оваа земја. Еден од докторите, Франческо Мојоли за весникот „Кориере дела Сера“, открил како докторите успеале во тоа.
 
Триесет и осумгодишниот нулта пациент на одделението за интензивна нега во многу сериозна состојба заврши на 20 февруари, но од деветти март повеќе не е потребно да има инкубациска цевка за дишење и сега се опоравува.
 
– Вирусот може сериозно да влијае на најмладите. Младите имаат повеќе оружје за борба против вирусот: третман на „оживување“ кој вклучува шок-терапии со коктели на антивирусни лекови, антибиотици и експериментално, на оние кои се користат за лекување на ХИВ, полесно можат да поднесат оние кои се уште не се физички ослабени – рекол Мојоли.
 
Тој објаснува дека за да биде успешно лекувањето, мораат да постојат комбинација од три фактори: терапија со која се одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење итн.), третмани со коктели екпериментални лекови и отсутност на дополнителни компликации.
 
– Значаен придонес за шансите за опоравување дава отсутноста на други патологии, а тоа значи освен белите дробови добро да работат и другите органи. Кај младите луѓе лекувањето е потешко ако постојат и компликации во лекувањето на други органи како срцето, црниот џигер и бубрезите. Критично, но стабилно е добар знак – вели докторот. 
 
Мажот е во болница веќе три недели па лекарите успеале да го сфатат текот на болеста: состојбата брзо се влошува, потоа следи долга фаза на стабилизација и конечно следи подобрување.
 
Тој сега е на одделението на постинтензивна нега во Сан Матео и се наоѓа во фаза која лекарите ја нарекуваат „одвикнување“, во која шок терапиите постепено се прекинуваат. Самиот дише и е во полусвесна состојба – посочува италијанскиот доктор, кој заклучува дека пациентот е симбол на фактот дека коронавирусот може да се лекува дури и кога пациентот е во многу сериозна состојба.