Данска го потврди британскиот вид коронавирус во речиси половина од позитивните тестови во втората недела од февруари, изјави министерот за здравство на оваа земја.
Иако бројот на инфекции со коронавирус во Данска е намален, британскиот вид се шири, додаваат властите во оваа земја.
– Стапката на инфекција со овој вид, што покажува колку луѓе може да бидат заразени од едно лице заразено со оваа варијанта, е 1,25 – напиша данскиот министер за здравство на „Твитер“.
Според последните податоци од здравтсвените власти, првата недела од оваа година британскиот вид коронавирус бил откриен кај 3,7 проценти од позитивните тестови, а за споредба, во втората недела од февруари, по анализата на генетскиот материјал, британскиот вид бил најден кај 45 проценти од сите позитивни тестови, истакна министерот за здравство на Данска.