Неделна ковид-статистика

Минатата недела во земјава се регистрирани 2.804 нови случаи на заразени со коронавирус. Тоа, според податоците на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) значи зголемување од 3,7 отсто во однос на една недела претходно.

– Најголем дел од регистрираните случаи, 1.293 се од Скопје. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка – се вели во извештајот на институтот.

Регистрирани се заболени од сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

– Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи,
а најзабележително е кај возрасната група од 20-29 години, 11,4 проценти повеќе во
однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени се забележува кај возрасните групи од 0-9 години за 17,5 проценти и над 60 години за 1,2 отсто – покажува статистиката.

Во текот на мината недела се пријавени 38 реинфекции, што е зголемување од 5,6 отсто во однос на една недела претходно.

Пријавени се 71 починат во 20 градови, а најголем дел од нив се од Скопје (18). Најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.
Минатата недела, според податоците на ИЈЗ, не се пријавени заразени во Дебар, Демир Капија и Македонски Брод.