Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, потврди иранскиот потпретседател Мохсен Мансури на платформата Х – пренесе „Ројтерс“.
Иранската влада свика итен состанок за денеска по смртта на иранскиот претседател Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, објави иранската државна новинска агенција „ИРНА“.
Според фотографијата што ја објави агенцијата, столчето на кое обично седи Раиси е празно и покриено со црна лента во спомен на претседателот – објави „Си-ен-ен“.
Иранските државни медиуми емитуваа исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.
Објавена е и првата снимка од местото на падот на хеликоптерот на Раиси
نمای نزدیک از محل سقوط بالگرد رئیسجمهور pic.twitter.com/fwAOGyveNg
— خبرگزاری فارس (@FarsNews_Agency) May 20, 2024
Иранските медиуми ја објавија првата снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаа претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
На снимката од дронот на Црвената полумесечина, која ја пренесе државната агенција „Фарс“, се гледаат остатоците од хеликоптерот на стрмна, пошумена падина – пренесува „Си-ен-ен“.