Фото: Бајден/инстаграм

Повеќе од 400 американски функционери потпишаа протестно писмо против политиката на американскиот претседател Џо Бајден кон Израел.

Во писмото се бара од администрацијата на Бајден да побара итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и да дозволи хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа.

Писмото е потпишано од членови на администрацијата на 40 владини агенции и е само едно од неколкуте писма потпишани од десетици функционери на Стејт департментот, како и отворено писмо потпишано од повеќе од 1.000 вработени во американската Агенција за меѓународен развој.