Фото: принтскрин

Соединетите Американски Држави официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови „Абрамс“ во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.

– Готово е. Сега тенковите „Абрамс“ треба да стигнат до Европа, а потоа во Украина, заедно со сите работи што ги носат – рече Буш, а пренесе „Си-ен-ен“.

Според него, заедно со тенковите, во Украина ќе бидат доставени и муниција, резервни делови, опрема за гориво, како и средства за поправки.

Тој посочи дека не се работи само за тенковите, туку за комплетниот пакет што оди со нив.

Испораката на тенкови „Абрамс“ во Украина беше официјално одобрена изминатиот викенд, пишува „Си-ен-ен“.

САД почнаа да ги обучуваат Украинците на тенковите „Абрамс“ во мај во Германија, а 31 тенк наменети за Украина веќе неколку месеци се на ремонт и се подготвуваат за испорака.