Фото: Бенјамин Нетанјаху/Фејсбук

Израел прави сe што може за да спречи опасност за цивилите додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и објавување летоци со предупредување, но обидите да се минимизираат жртвите „не беа успешни“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во интервју за Си-би-ес тој беше прашан дали убиството на илјадници Палестинци од страна на Израел додека се одмаздува за нападот на 7 октомври од милитантите на владејачката група во Газа – Хамас „ќе ја нахрани новата генерација со омраза“.

-Секоја цивилна смрт е трагедија. А, не треба да имаме ниту една, бидејќи правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи пред својот нишан- рече Нетанјаху.

-Испраќаме летоци, (ние) им се јавуваме на нивните мобилни телефони и велиме: Заминете. А, многу од нив заминаа. Другото што можам да го кажам е дека ќе се обидеме да завршиме со минимални цивилни жртви. Тоа е она што се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не успеваме – рече Нетанјаху.

Здравствените власти во Газа велат дека најмалку 11.500 луѓе се убиени во израелското бомбардирање и копнена инвазија – повеќе од 4.700 од нив се деца.