Аргентина по третпат стана светски шампион откако во спектакуларното финале на Мундијалот во Катар ја совлада Франција по подоброто изведување пенали.
За Аргентина, која го играше своето шесто мундијалско финале, ова е прва светска титула по пауза од 36 години, а нејзиниот капитен Лионел Меси дојде до единствениот трофеј што му недостасуваше во неговата блескава кариера.
Аргентина два пати водеше, Французите два пати се вратија. На крајот се изведуваа пенали, а таму Аргентинците ги погодија сите, а Французите два пати промашија. Конечни 4-2 за титула на „гаучосите“.
Мечот го одбележаа две различни полувремиња, во првото доминираше Аргентина која и поведе со 2-0.
Меси од пенал ја доведе Аргентина во водство, а во 36 минута после фантастичен контра напад, Мекалистер истрча сам кон голот на Франција но несебично подаде на другата страна до Ди Марија кој рутински ја смести топката зад грбот на Лорис.
Во вториот дел слична слика на теренот, се до моментот кога Франција се избори за пенал. Еден момент на деконцентрација, невнимание и Франција казни. Мбапе погоди од белата точка, а веднаш потоа најдобриот француски фудбалер по две минути игра повторно ја затресе мрежата за изедначување 2-2.
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 18, 2022
Се отиде во продолженија во кои имаше драматични моменти. Во 109 минута Аргентина дојде во предност. Мартинез се најде во ситуација, биеше но Лорис одбрани, а одбиената топка во гол ја смести Меси.
Во наредната акција, Мбапе биеше во лактот на еден аргентински фудбалер кој се бранеше да не биде погоден во главата. Судијата Марцинијак покажа пенал. Мбапе погоди и изедначи на 3-3.
The moment he’s dreamed about 🏆 pic.twitter.com/xGq3thFQvI
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 18, 2022
Победникот се реши по изведување на пенали во кои подобри беа Аргентинците.