За да го одбележи својот 100-годишен успех, Прилепска Пиварница вчера организираше настан во хотелот „Мериот“.
Компаниите во Македонија што се фалат со стогодишнини се реткост, а брендовите со повеќевековно присуство на пазарот се уште поисклучителни. Меѓу овие неколку се вбројува и Прилепска Пиварница, светилник на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија.
Сто години Прилепска Пиварница е доказ за работата, посветеноста и издржливоста низ променливи времиња, заработувајќи трајна лојалност од своите клиенти и индустријата. Вечерта беше проследена со среќа и носталгија, затоа што со прикажувањето на краткиот документарен филм, присутните веднаш тргнаа на патување низ времето прославувајќи еден век на пресвртници, иновации и спомени. Забава во живо приредија познатите ѕвезди Калиопи и Тони Цетински, а за смеењето беше задолжен Сашко Коцев со стенд-ап настап.
– Најубавото од сè е што приказната сè уште трае и некои други генерации ќе продолжат да ја раскажуваат и по нас. Возбудата вечерва со самото тоа е уште поголема кога денес, вака собрани, сме современици на еден настан за кој работеле и живееле толку многу генерации, а ние ја имаме честа да сме современици на овој јубилеј! И на следниот од наредни 100 години ќе бидат сосема некои други лица, кои сега не се ни родени! – рече господинот Сашко Самарџиоски.
– Денес им оддаваме почит и на визионерските основачи, кои ги поставија темелите на нашата пиварница пред еден век (нивни потомци се присутни овде, во салава). Нивната непоколеблива визија и страст го обликуваа нашето патување и наследство. Тие продолжуваат да нè инспирираат додека го носиме нивното наследство напред во иднината – изјави госпоѓата Панде Самарџиоска.
Приказната за Прилепска Пиварница започнува уште во далечната 1924 година и тоа ја прави една од најстарите пиварници на Балканот. Она што претставува заштитен знак на пиварницата е висококвалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сè до Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивен дистрибутер е Прилепска Пиварница, која го произведува и култниот освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube, a пиварницата е и увозник на алкохолните пијалаци St. Nicolaus.