Новата Opel Astra е прогласена за „Компактен автомобил на годината во Германија за 2023 година“.
Независното стручно жири на „German Car Awards“ ја избра новата генерација на Astra и Astra Sports Tourer за најдобар автомобил од компактна класа во Германија, далеку пред конкурентите во овој сегмент. Иновативните безбедносни технологии, кои Opel ги прави достапни за широк спектар на купувачи во компактната класа со новата Astra, го убедија жирито од 27 автомобилски експерти и новинари исто како и широката палета на погонски единици, вклучувајќи го и електрифицираниот plug-in хибрид со кои возачите на Astra можат да патуваат без штетни емисии.
Жирито, исто така, го пофали привлечниот, прогресивен дизајн заедно со уживањето при возење и вредноста за парите што ги нуди Astra. Престижната награда официјално беше доделена вчеравечер на церемонија во Bad Dürkheim, Германија.
– Наградата за „Автомобил на годината во Германија“ во компактната класа за Astra и Astra Sports Tourer уште еднаш покажува дека најновата генерација не само што е вистински предизвикувач туку го има и она што е потребно за да биде победник во секој поглед – изјави Andreas Marx, Бренд менаџерот на Opel во Германија.
– Opel Astra се издвојува во својот сегмент како вистински сеопфатен модел, што го убеди нашето жири во секој аспект. Патем, ова важи и за емотивните критериуми како што се дизајнот и уживањето при возење, каде што јасно се издвојува од конкурентните модели – изјави Jens Meiners од жирито на GCOTY.
Astra и Astra Sports Tourer: Уживање при возење
За време на опсежните тест возења, судиите внимателно ја разгледаа новата Opel Astra. Беа земени предвид однесувањето при возење, употребливоста, удобноста и многу други аспекти. Дисциплини во кои блеска најновата генерација на бестселер од компактната класа. Со моќност од 133 kW/180 КС и силен вртежен момент од 360 њутн метри, електрифицираната Astra plug-in хибрид нуди чисто задоволство при возење (WLTP потрошувачка на гориво: 1,1-1,0 l/100 km, емисија на CO2 24-23 g/ km; и двете комбинирани). Забрзувањето од нула до 100 km/h е за само 7,6 секунди.
Интуитивното работење на системите за инфозабава и помош при возење е овозможено со новиот интерфејс HMI (Human-Machine Interface), јасно дизајнираниот, целосно дигитален cockpit Pure Panel со екстра широк екран на допир и основни прекинувачи, како на пример за клима уредот. Најсовремените технологии како што се приспособливите Intelli-Lux LED® Pixel Light предните светла без отсјај, со вкупно 168 LED елементи го прават возењето попријатно и побезбедно, особено во зимските месеци од годината.
Ергономските седишта за возачот и совозачот, на пример обложени во Alcantara, обезбедуваат врвна удобност при патувањето со сертификат AGR (Aktion Gesunder Rücken e.V.).
Наградата „Автомобил на годината во Германија“ годинава се доделува по петти пат. Независното жири составено од експерти, моментално составено од 27 членови, ги избира соодветните победници во класата во пет категории – компактен, премиум, луксуз, нова енергија и перформанси. Изборот на учесниците на натпреварот се врши врз основа на објективна цена и критериуми за достапност на пазарот. Изборoт за првпат се одржа во 2019 година.