Олаф Шолц (инстаграм)

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека нема причина за грижи за „Дојче банк“ откако вредноста на нејзините акции нагло паднаа поради стравувањата од банкарска криза, пренесе „Анадолија“.

– Дојче банка го модернизираше својот бизнис модел и се реорганизираше. Тоа е многу профитабилна банка, нема причина за грижа – изјави Шолц пред новинарите во Брисел, на крајот од самитот на лидерите на Европската унија.

Тој рече дека на средбата лидерите на Унијата разговарале за последните случувања на светските пазари и за состојбите во европските земји.

Вредноста на акциите падна за 13 отсто

– Европската банкарска супервизија и финансискиот систем се робусни и стабилни, европските банки имаат силни капитални ресурси, благодарение на работата во изминатите години и напорите на самите банки – нагласи Шолц.

Акциите на Дојче банк паднаа за 13 отсто во петокот, откако промените во неплаќањето на заемите се зголемија поради загриженоста за можна светска банкарска криза.

Проблемите на швајцарската банка „Кредит Свис“ и банкротот на американската „Силикон Вали Бак“ и „Сигнитуре Банк“ ја зголемија загриженоста за стабилноста на глобалниот банкарски сектор.