Фото: Маја Јаневска-Илиева

Свесни сме дека поминуваме низ тежок период на повеќе кризи во исто време, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

– Ние во овој период веќе намалуваме цени, односно ја намалуваме инфлацијата, даваме јасна порака за намалување на буџетскиот дефицит, задржување одржливо ниво на јавниот долг, а притоа поддршка на инвестициите, антикризни мерки. И, денеска, ние ја субвенционираме цената на електричната енергија, како и многу други програми за поддршка на стопанството и граѓаните за да се ублажи тој ефект. Во ниту еден момент не сме кажале дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена од цените на европскиот пазар и во овој период ние тој ефект сме го ублажиле и ќе продолжиме и понатаму – истакна Бесими.

Граѓаните, според него, гледаат дека во исто време и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше и раст на платите.

Она што е поважно, според Бесими, не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде и одржлив.

Предизвиците, вели тој, остануваат и понатаму бидејќи има геополитички движења, кои влијаат и врз пазарите.

Појасни дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија, која годинава е во рецесија.

Новата нормалност е да се подготвиме да живееме во време на кризи и неизвесност – порача Бесими.