Операторот со храна ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ, врши отповикување на чоколадо „Милка Орео“ од 37 грама. поради присуство на пластични фрагменти, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
– Повлекувањето се однесува за производот под назив „Чоколаден бар Милка Орео 37 гр.“ со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18.8.2024, од производителот „Mondelez Polska Production SP Zoo“ – се вели во соопштението објавено на веб-страницата на АХВ.

Увозник и дистрибутер во земјава е компанијата ТД „Нелт СТ“ ДООЕЛ.