Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се претежно влажни, информираат од ЈП „Македонијапат“.
Намалена видливост до 100 метри поради магла е забележана на планинскиот превој Стража. Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци во државата се проодни.
Возачите треба да бидат внимателни и на делниците што минуваат низ усеци и клисури, каде што е можна појава на поситни одрони.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, да управуваат внимателно и да ја приспособат брзината на условите на патот.
































